Фудбалер на Реал ќе си замине од Мадрид поради Анчелоти

by Стефан
1 минути читање

Според информациите на италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо, Бразилецот Ендрик ќе го напушти Реал Маддрид.

Ендрик е во немилост кај тренерот Чаби Алонсо и наводно, Карло Анчелоти побарал од него да пронајде средина каде што ќе игра со цел да биде подготвен за Светското првенство.

За викендот Ендрик се загреваше, но на крајот не доби шанса и тоа како што се наведува е последен знак од Анчелоти дека треба да побара нова средина.

Бразилецот има 19 години и сигурно дека има време да ги исполни очекувањата, меѓутоа мора да добива минути, засега тоа во Реал го нема.

Останува да видиме во јануарскиот преоден рок дали Бразилецот ќе пронајде нов ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×