Фудбалер на Преспа претепан во Волино!

by Стефан
1 минути читање

Викендов во натпреварот од Трета лига – југозапад се случил инцидент по натпреварот помеѓу Саетска и Преспа.

Инцидентот на теренот во Волино го потврдија и од СВР Охрид од каде што информираа и дека напаѓачот на 25-годишниот фудбалер на гостинскиот состав, 43-годишниот С.Б бил спроведен во полиција.

„Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25-годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид“, информираа од СВР Охрид.

Натпреварот завршил без победник и двете екипи ги поделиле бодовите одигрувајќи 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани