15
Партизан сезонава игра одлично на домашната сцена, а внимание привлече и младиот фудбалер Андреј Костиќ.
Како што пренесува италијанска „Газета дело Спорт“, раководството на „росонерите“ веќе подолго време го следи развојот на талентираниот фудбалер и е подготвено да тргне по неговиот потпис уште во јануарскиот преоден рок.
Планот на Милан е, доколку трансферот се реализира, Костиќ привремено да настапува за вториот тим во Серија Д.
Во договорот што Костиќ го има со Партизан е вклучена откупна клаузула од 20 милиони евра, но јасно е дека италијанскиот клуб ќе се обиде да ја намали сумата и да договори поповолни услови.