Фудбалер на Милан тренира сам и секој месец си „лапа“ над 300.000 евра

by bojan
1 минути читање
Ориги

Денешното издание на Газета дело Спорт брифира за ситуацијата на Дивок Ориги во Милан, напаѓачот тренира сам и си „лапа“ над 300.000 евра месечно.

Дивок Ориги беше еден од хероите на Ливерпул во епскиот пресврт против Барселона во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019, а погоди и во финалето против Тотнем и победата од 2-0 по која „црвените“ стигнаа до трофејот.

Летото во 2022 година, напаѓачот потпиша со Милан но не се изнаигра многу на Сан Сиро.

Во моментов не е дел од првиот тим на „росонерите“ и беше прекомандуван во резервите, но и таму нема ниту трага, ниту глас од него.

Одредени луѓе велат деа го виделе во Рим, други пак го виделе во Фиренца, можно е да бил и во двата града, само не е во Милано.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Дивок Ориги тренира сам и не ја напушта Италија поради даночни причини, не сака да си направи проблем со платата од речиси 4 милиони евра по сезона, односно над 300.000 евра месечно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани