Во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј во кој татко и син убија 15 лица, еден од загинатите е и фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам.
„Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025“, потврди клубот.
„Ден беше интегрален член на нашиот тим кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, додаваат од австралискиот клуб.
Покрај 15 жртви, ранети се уште 40 лица. Вкупно 40 лица се ранети. На плажата Бонди се одржувал настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука. Нападот официјално е прогласен за терористички инцидент.