Фудбалер на Кристал Палас му го „плесна“ на Пике и преку ноќ стана популарен (ФОТО)

by
1 минути читање

Судиските грешки
на Виктор Кашаи и неговите помошници на дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона
се топ тема утрово.

Жерард Пике, кој
е најгласен во обвинувањата дека Реал Мадрид добива помош од судиите, не
пропушти прилика да го „пецне“ лутиот ривал.

И покрај тоа што
играчот на Барселона не кажа ништо и твитна само три точки по голот од офсајд
на Кристијано Роналдо за 2-2, сите знаат на што алудираше дефанзивецот, па
Жерард Пике ги „запали“ социјалните мрежи.

Еден од првите
кој му одговори на фудбалерот на „Каталонците“ е левиот бек на Кристал Палас,
Папе Суаре.

Тој убаво ја
„истрола“ ѕвездата на Барселона, и го потсети за фамозната вечер на Стемфорд
Бриџ во 2009, кога на дуелот со Челси добија помош од судијата, и тогаш
„Сините“ беа тие кои „гремеа“ по арбитарот за неколку спорни ситуации и четири
пенали кои не им биле досудени.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани