Фудбалер на Јувентус си ја отвори душата: Не можам да го поднесам Мота, и не сум единствениот!

by bojan
1 минути читање
Мота

Како што пренесува Кориере дела Сера, неименуван фудбалер од Јувентус признал дека не може да го поднесе тренерот Тијаго Мота, и не е единствениот во соблекувалната што го мисли ова.

„Старата дама“ игра под очекувањата оваа сезона, беше елиминирана од ПСВ во плеј-офот во Лигата на шампиони, а оваа недела доживеа нова срамна елиминација од Емполи во Купот на Италија.

Во Серија А се чини дека главна цел ќе биде топ 4 пласман, па се почесто се говори дека Тијаго Мота може да добие отказ.

Денешното издание на Кориере дела Сера објави кратка изјава од неименуван фудбалер, кој вели: „Не можам да го поднесам Мота, и не сум единствениот“.

„Со него никогаш не сте на чисто, можете да бидете стартер, но и 90 минути да дремете на клупа“.

Ова не е прв пат да се пишува дека тренерот има нарушен однос со дел од соблекувалната, претходно Газета дело Спорт и Тутоспорт објавија дека лошата атмосфера во тимот може да биде главна причина за отказ на тренерот, дури и ако тој обезбеди топ четири пласман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани