122
Играчот на Интер, Алесандро Бастони бил жртва на грабеж во средата навечер додека беше на клупата на мечот против Каират во Лигата на шампионите кој неговиот тим го доби со 2-1.
Според „Газета дело Спорт“, банда од четворица влегла во домот на Бастони и украла луксузни часовници и дизајнирани торби.
Разбојниците влегле, „завршиле“ работа за неколку минути и избегале. Алармите се вклучиле, но ниту обезбедувањето, ниту локалната полиција не пристигнале на време за да ги фатат крадците.
Бастони живее во Кастели Калепио, провинција на Бергамо, место одалечено на 60 километри од Милано.
Случајот е пријавен, полицијата ги бара крадците.