Фудбалер на ФЦСБ ги загубил нервите: По поразот од Шкендија ќе се степал со навивач

by Стефан
0 минути читање

Романскиот претставник ФЦСБ вчера доживеа елиминација од Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, а овој пораз домаќините тешко го прифатиле.

Доказ за тоа е реакцијата на искусниот Денис Алибек кој имал конфликт со еден романск навивач.

Според информциите на „Дигиспорт“ навивачот го навредувал Алибек за лошиот настап, а тој не издржал и бурно реагирал сакајќи да се пресмета со него.

Романскиот тим по поразот ќе продолжи во Лигата на Европа каде што ќе се соочи со косовска Дрита, додека Шкендија ја чека Карабах во третото коло од квалификациите за ЛШ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×