Евертон и Вулверхемптон ги поделија бодовите во рамките на 21. коло од Премиер лигата, откако на „Хил Дикинсон“ одиграа 1-1, но натпреварот привлече виимание и поради двете исклучувања кај домашниот тим.
„Карамелите“ одлично го отворија мечот и уште во 17. минута стигнаа до водство со погодокот на Мајкл Кин, по што долго време успешно ја контролираа играта. Сепак, отпорот на домашните беше скршен во 69. минута, кога Матеус Мане го пронајде патот до мрежата и донесе израмнување за гостите.
Херојот од првиот дел, Кин, во финишот се претвори во трагичар. Во 83. минута, по еден воздушен дуел со Арокодаре, стоперот на Евертон при доскокот неспортски го повлече противникот за коса. По интервенцијата на ВАР, главниот судија без многу размислување му покажа директен црвен картон, а оваа негово исклучување предизвика и реакции на Остовот.
Во продолжение црвен картон зарабти и Џек Грилиш кој со аплауз ја исмејуваше одлуката на арбитрот.