Фудбалер на Челси одбил ПЕТ пати поголема плата и трансфер од 70 милиони евра во Саудиска Арабија

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Челси, Андреј Сантош бил мета на Саудиска Арабија, но Бразилецот решил да остане на „Стемфорд Бриџ“ со цел да има поголеми шанси за настап на Светското првенство во 2026 година.

Андреј Сантош минатата сезона импресионираше на позајмица во Страсбур, па ова лето неколку клубови тропнаа на неговата врата.

Последните информации велат дека Ал Кадсија од Саудиска Арабија понудила дура 70 милиони евра за негов ангажман.

На Бразилецот му бил понуден долгогодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона, односно пет пати од тоа што го заработува во моментов.

Но Андреј Сантош го одбил предлогот, сакал да остане во Челси зошто сметал дека така ќе има поголеми шанси за настап на Светското првенство во 2026.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×