Фудбалер на Бормут избран за играч на месецот во Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Бормут, Џастин Клајверт е прогласен за најдобар во англиската Преиер лига за месец јануари.

Холанѓанецот одигра четири натпревари во јануари и во нив постигна пет голови и додаде две асистенции. Неговиот тим тој период го помина без пораз и запиша три триуфи и едно реми.
Најдобриот натпревар го одигра против Њукасл во кој постигна хет-трик.

Со добивањето на наградата Клајверт ја продолжи низата на различни фудбалери кои ја добиле оваа награда, а исто така стана и само втор фудбалер на Бормут кој го добил ова признание.

Бормут сезонава игра одлично и се бори за излез на европската сцена бидејќи во овој момент се наоѓа на седмото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×