Фудбалер на Барселона добил казна поради роденденот на Јамал

by Стефан
1 минути читање

Големата забава на Ламин Јамал на Ибица донесе проблем за младиот фудбалер на Барселона Хектор Форт кој според најавите од шпанските медиуми ќе се соочи и со казна од тренерот Ханси Флик.

Имено, Форт ја имаше таа чест да биде еден од 35-те повикани фудбалери на роденденската забава на Јамал. Но, откако останал до доцна во ноќта утрото задоцнил на прегледите во Барселона за новата сезона.

Прегледите во каталонскиот гигант биле закажани за девет часот наутро, а фудбалерот не се појавил во точното време. Тоа не му се допаднало на тренерот Флик кој имал разговор со него и според најавите Форт ќе добие казна.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ќе биде казнет парично, но не се исклучува можност и одреден период да тренира со вториот тим на Барселона.

Оправдувањето на Форт не било доволно затоа што Германецот е познат по дисциплината, а исто така му потенцирал на фудбалерот дека уште од крајот на сезоната добро знаел каде и кога треба да се појави.

Фото: Barcelona F.C/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×