Шпанецот, кој има
потекло од Мароко, паузата за репрезентативен насап ја искористил за да го
прослави својот 23. роденден. Фудбалерот на Барселона решил забавата да ја
организира во дискотеката Тифани во Мадрид, каде резервирал ВИП простор за
околу 30 членови на семејството и пријатели.
Но тој очигледно
нема по добро да ја памети прославата бидејќи таа завршила со жолчна вербална
расправија откако му било кажано дека треба да плати 16.000 евра.
Членот на
„Каталонците“ бил зачуден од сметката, на која имало пијалоци, храна и наргиле.
Мунир Ел Хадиди сметал дека сметката е двојно поголема од сумата за која се
договорил со кетеринг компанијата и одбил да плати, па менаџерите на Тифани ја
повикале полицијата.
По интервенцијата
на полицијата, играчот ја платил сметката спротивно на својата желба и под
закана дека ќе биде обвинет за измама па дури можеби и притворен.
Се говори дека
сметката била толку висока бидејќи неговите гости премногу пушеле наргиле,
услуга која ја обезбедила надворешна фирма, а биле нарачани и неколку шишиња
шамањско повеќе од првично договореното.