Подолго време се пишува
дека левиот бек Марк Кукуреља е една од топ трансфер целите на Наполи. 21
годишниот лев бек, кој од Барселона е на позајмица во Хетафе, прикажува солидни
партии оваа сезона, па го привлече вниманието на многу клубови.
Претседателот на
Хетафе, Анхел Торес пред некој ден потврди дека има голем интерес за младиот
Шпанец, особено од Наполи.
„Де Лаурентис ми
се јавува на секој три дена, но во моментов наша цел е да не продадеме никого“ –
изјави Анхел Торес во разговор со Марка.
Иако трансфер шпекулациите
се нормална работа во светот на фудбалот, Наполи реши остро да реагира.
Клубот на нашиот
Елиф Елмас денеска се огласи на социјалните мрежи и порача: „Ова е измислена приказна,
„фејк њуз“. Де Лаурентис нема поим кој е претседател на Хетафе и никогаш не
разговарал со неговите соработници за Кукуреља“.