262
Mладиот фудбалер од академијата на Баерн Минхен 17-годишниот Јил Гаши кој досега настапуваше за младинските категории на Германија во иднина одлучил да го носи дресот на селекцијата на Косово.
Гаши кој игра како напаѓач, но може да се користи и по страничните позиции го најавуваат како фудбалер со голем потенцијал.
Во младинските категории настапи на 15 селекции во генерацијата до 17 години и претходно на шест средби во репрезентцијата до 16 години.
Пред да се приклучи на Баерн беше дел од академиите на Фуксе и Херта од Берлин.
Wie aus dem Lehrbuch! 📖
— FC Bayern Campus (@fcbayerncampus) March 19, 2025
Schönes Ding, Yll #Gashi! 🎯👏#FCBayern #FCBU17 #MiaSanMia pic.twitter.com/YcRiRjWbEk
Фото: FC Bayern/X