Фудбалер на Баер смета дека е решение за дефанзивните проблеми на Реал, па им се понудил на „кралевите“

by bojan
1 минути читање
Инкапие се понудил на Реал Мадрид

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на Реал Мадрид како решение за дефанзивните проблеми на „кралевите“.

Светското клупско првенство покажа дека Реал Мадрид и понатаму има доста проблеми во одбраната, па затоа и ангажман на нов дефанзивец е еден од приоритетите во следните месеци.

Како што пренесува ЕСПН, фудбалерот на Баер Леверкузен, Пјеро Инкапие е понуден на „кралевите“.

Солиден, брз, способен да даде прецизно додавање, плус одлично се снаѓа и во одбрана со четворица и петмина, левоногиот Инкпие е профил што добро се надополнува со оној на Дин Хујсен.

Тој добро ги познава тактичките барања на Чаби АЛонсо, па може брзо да се прилагоди на новата средина во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×