Фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алверз кој во 2017 година го победи ракот на тестисите сега се соочи со суспензија поради допинг.
Јерај добил позитивен допинг тест по првиот натпреварр од полуфиналето против Манчестер јунајтед во полуфиналето од Лига Европа, а како што вели причина бил лекот кој го користел против опаѓање на косата.
„Откако го победив ракот со години користам третман против алопеција и откако го анализиравме случајот потврдивме дека до позитивниот тест е дојдено поради ненамрено земање превентивен лек кој ја содржел забранетата супстанца“, изјави Јерај.
За случајот се огласи и клубот од Баскија од каде што потенцираа дека причина за ваквата ситуација е „човечка грешка“.
Суспензијата на дефанзивецот засега е привремена.