Фудбалер на Ајакс со хеликоптер пренесен во болница откако колабираше на теренот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првиот
подготвителен натпревар на Ајакс за новата сезона беше прекинат откако на 20
минути пред крајот, на теренот се струполи младиот Абделхак Нури.

20 годишниот
фудбалер од средниот ред колабираше, веднаш доби лекарска помош од медицинскиот
персонал на стадионот а потоа со хеликпотер беше пренесен во болница.

Ајакс во прв
момент соопшти дека Абдалехак Нури имал срцева аритмија, но е во стабилна
состојба и има пулс.

Клубот од
Амстердам вечерва објави новите информации и пренесе дека фудбалерот е во
индуцирана кома со цел да го добие најдобриот можен третман.

„Нашите мисли се
со играчот и неговото семејство
– гласеше пораката на Твитер на Ајакс.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани