Фудбалер кој нема настап две години има поголема плата од Модриќ во Милан

by Стефан
1 минути читање

Во летото 2022 година, Милан го ангажираше белгискиот напаѓач Дивок Ориги, кој пристигна со искуство од настапите во Лил и Ливерпул. Тој се приклучи на „росонерите“ како слободен агент и потпиша четиригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона.

Своето деби го имаше во август истата година во победата над Удинезе, а првиот погодок го запиша против Монца, додека вториот пристигна дури во јануари 2023 година против Сасуоло.

Во обид да ја врати формата, Милан го испрати на позајмица во Нотингем Форест, но и тој ангажман заврши неуспешно. По враќањето во Милано, клубот најави дека ќе тренира со резервниот состав, но Ориги не се појави на тренинзите. Извесен период работеше индивидуално во Фиренца и Рим, а потоа целосно исчезнал од сцената.

Проблемот за Милан сè уште останува неговата огромна плат, Белгиецот заработува повеќе дури и од Рабио и Модриќ кои се едни од главните фудбалери во тимот на Алегри од почетокот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×