Фудбал ликс го откри договорот на Роналдо со Најк, за 10 години ЦР7 добива 162 милиони евра

by
1 минути читање

ЦР7 важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата но и во историјата, па Португалецот знае како да ја наплати својата слава.

Преселбата во Јувентус минатото лето му донесе значително покачување на платата и 30 милиони евра нето годишно. Медиумите сега пишуваат за неговиот последен договор со Најк.

Дел Шпигел, повикувајќи се на документите добиени од Фудбал лкикс, објави дека ЦР7 во 2016 се обврзал на десетгодишна соработка со компанијата од САД и за ова ќе добие 162 милиони евра, или 16,2 милиони годишно.

На Кристијано Роналдо исто така му се ветени и бонуси од 4 милиони евра годишно за освојување на индивидуални трофеи како „Златната топка“ на Франс Фудбал или наградата „Д Бест“ на ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×