Фросиноне почна да подготвува тужба во случај сезоната да прекине а тие да останат во Серија Б

by
1 минути читање

Фудбалот е во прекин во цела Европа, се разгледуваат начини како тој да продолжи. Не се исфрлаат ниту опциите сезоните да се завршат со актуелната ситуација на табелата, но тоа изгледа нема да се случи.

Но, за секој случај, Фросиноне почна да подготвува тужба во случај сезоната да не се доигра.

Во моментов Беневенто е прв во Серија Б со 69 поени, дури 20 повеќе од Кротоне кој е втор со 49, Фросиноне е на третото место со 47.

Од Серија Б првите две екипи одат директно во Серија А, додека третиот е дел од плејофот преку кој се добива третиот патник во елитата.

„Доколку сезоната биде прекината и Фросиноне не оди во Серија А како трет, ние веќе подготвуваме тужба за една таква ситуација“, вели претседателот Стирпе за „Газета дело Спорт“.

„Единствениот клуб кој може да мисли на промоција поради спортски заслуги е Беневенто, бидејќи тие веќе се во Серија А секако со 20 поени повеќе од второто место“.

„Секако дека ние сакаме да избегнеме судови, но не можеме да ја исфрлиме таа можност доколку сезоната не се доигра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×