Чуварот на
мрежата од голот на Баерн Минхен, како и еден од најдобрите голмани на
денешницата, Мануел Нојер би можел да потпише за Јувентус во летниот преоден
рок, објави „Франс Фудбал“.
Нојер е член на
германскиот првак од 2011. година па наваму, по трансферот од Шалке 04, а „Франс
Фудбал“ објави дека 33 годишниот голман би можел да ги напушти редовите на „Баварците“
на лето.
Баерн Минхен за
на лето веќе го договори трансферот на голманот на Шалке 04, Александер Нибел,
а со оглед на фактот што Нојер има важечки договор до идната година, а дека ќе
дојде до продолжување на соработката помеѓу обете страни нема никакви сигнали,
веројатно е дека тој ќе си замине.
„Франс Фудбал“
додава дека првичната опција кај Нојер е да си замине од германскиот првак,
повеќе отколку да го дели местото со Нибел.
Нојер во својата
кариера мината во дресот на Баерн Минхен запиша 362 настапи за клубот во сите
конкуренции.