Франс Фудбал ги објави 30. кандидати за „Златната Топка“, но на сите уште сега им е јасно кои ќе бидат финалисти

by
1 минути читање

Почнува трката по признанието Најдобар фудбалер за 2017,
Франс Фудбал денеска ги објави имињата на играчите кои ќе конкурираат за оваа
престижна индивидуална награда.

Реномираниот весник во серија објави (по пет имиња на секој
два часа), ги обелодени 30. кандидати за „Златната Топка“.

На листата
доминира Реал Мадрид, шампионот на Шпанија и Европа има дури седум преставници.

Списокот со 30.
фудбалери за „Златната Топка“:

Пјер Емерик
Обамејанг, Карим Бензема, Леонардо Бонучи, Џиџи Буфон, Единсон Kавани, Филипе
Кутињо, Кевин Де Брујне, Давид де Хеа, Пауло Дибала, Един Џеко, Радамел Фалкао,
Антоан Гризман, Еден Азар, Матс Хумелс, Иско, Хари Кејн, Нголо Канте, Тони
Крос, Роберт Левандовски, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Дрис Мертенс, Лео
Меси, Лука Модриќ, Нејмар, Јан Облак, Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Луис
Суарез.

Франс Фудбал
дополнително ќе ја скрати листата, но уште сега прилично е јасно дека помеѓу тројцата
финалисти ќе бидат Кристијано Роналдо и Лео Меси, а друштво најверојатно ќе им прави Нејмар.

Исто така, чудо
ќе биде долку Кристијано Роналдо не ја добие „Златната Топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×