Екипата на Интер Мајами би можела во своите редови да го доведе Аргентинецот, Родриго Де Пол.
Информацијата ја пренесоа најпознатите аргентински медиуми, а таа пристигнува веднаш откако „Л’Eкип“ објави дека Ал Ахли започнал преговори да го доведе Меси во декември кога му истекува договорот со Интер Мајами.
Кога е Де Пол во прашање тој има уште една година од договорот со Атлетико Мадрид, а сумата која се споменува е е околу 15 милиони евра.
Де Пол е еден од омилените соиграчи на Меси па неговото доведување може да биде голем чекор напред во обидот да се задржи и Меси.
Во раководството се свесни дека мораат да создадат поконкурентен тим бидејќи во овој момент се на шестата позиција на Источната конференција.