Француски прволигаш тргна по најдобриот фудбалер на Црвена Звезда

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот прволигаш Ремс тргна по потписот на најдобриот фудбалер на Црвена Звезда.

Се работи за напаѓачот Шериф Ндијае кој блесна сезонава во црвено-белиот дрес на тимот од Белград. Досега Ндијае постигна 14 гола на 24 натпревари во сите конкуренции и привлече внимание.

Ремс според информациите е подготвен да испрати понуда до Звезда за услугите на голгетерот. Нема да биде лесно да се постигне договор бидејќи српскиот тим во Ндијае гледа прва ѕвезда во тимот моментално.

Договорот на Шериф со Црвена Звезда е до јуни 2026 година, а тој е проценет на четири милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани