Франција против Шпанија во полуфиналето од Лигата на нации

by riste
2 минути читање

Франција по подобро изведување ја победи Хрватска и во полуфиналето ќе игра против Шпанија која на ист начин ја совлада Холандија.

Хрватска со предност од 2-0 го почна денешниот натпревар во Франција, но домаќинот успеа да победи со идентичен резултат.

Французите го скршија отпорот на Хрватска по седум минути игра во второто полувреме кога Олисе даде гол за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Дембеле погоди за 2-0. Тоа беше резултатот по 90 минути игра па се премина кон продолженија.

Во продолженијата немаше голови, па пеналите требаше да го решаваат победникот.

Се шутнаа по седум серии, Хрватите промашија тритпати, Французите двапати, па домаќинот на крајот се радуваше на триумф.

Батурина, Ивановиќ и Станишиќ ги промашија пеналите за Хрватска, Кунде и Ернандез не реализираа за Франција.

Возбудлив меч со дури шест гола одиграа Шпанија и Холандија, првиот меч заврши 2-2.

Шпанија даде гол уште во осмата минута, погоди Ојарзабал од пенал.

По девет минути игра во вториот дел Депај израмни на 1-1, но десетина минути подоцна Ојарзабал повторно даде гол и ја врати предноста на Шпанците.

Сепак, на десет минути до крајот Матсен го израмни резултатот на 2-2, па мечот отиде во продолженија.

Ламин Јамал во 103. минута донесе ново водство на Шпанија, но Чави Симонс во 109. минута даде гол за 3-3 и го однесе мечот во пенал серија.

Се шутнаа по шест серии, за Шпанците промаши само Јамал, а за Холандија не реализираа Ланг и Мален.

Шпанија против Франција ќе игра во полуфиналето, а другата двојка ја сочинуваат Португалија и Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани