Драган
Канатларовски дебитираше со пораз на клупата на младата репрезентација на
Македонија, вечер во Ле Ман, Франција славеше со 3-0 во првото коло од
квалификациите за Европското првенство.
„Триколорите“ го
отворија резултатот со спорен гол во 26. минута. По една убава акција, Мбуку од
пет метри ја погоди пречката, топката се одби на теренот, а судиите покажаа кон
центарот иако од повторените снимки не делува дека топката со цел обем е зад
гол-линијата.
На стартот од
вториот дел, Франција зголеми на 2-0, новото засилување на Реал Мадрид вредно преку 30 милиони евра,
Камавинга биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот.
Конечниот резултат
го постави Калулу во финишот од мечот, фудбалерот на Милан истрча во контра и
прекрасно лобуваше за 3-0.