Килијан Мбапе испишува
нова историја во репрезентацијата на Франција, и стана првиот фудбалер кој по
Доминик Рошето во 1985 година, забележал хет-трик на официјален натпревар.
На напаѓачот му
требаа нешто повеќе од половина час игра за три пати да ја тресе мрежата на
Казахстан и да донесе предност од 3-0 на полувремето.
Гол серијата со
два погодока ја продолжи Бензема на стартот од вториот дел, потоа во листата на
стрелци се запишаа Рабио и Гризман, за Мбапе во 87. минута да стави точка на
натпреварот и конечни 8-0.
Со оваа победа,
Франција го чекираше билетот за Светското првенство на едно коло пред крајот.
Место на
мундијалот обезбеди и Белгија со триумф од 3-1 над Естонија. Велс направи голем
исчекор кон бараж откако со 5-1 ја совлада Белорусија и сега на „змејовите“ ќе
им треба еден бод во последното коло.
Холандија
пропушти шанса да им се придружи на Франција и Белгија откако во финишот од
мечот против Црна Гора испушти предност од два гола и одиграа само 2-2.