Франција ја победи Австралија со помош на технологијата во фудбалот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Франција дојде до планираните три бода на стартот против Австралија благодарение на технологијата во фудбалот која се воведува во последните неколку години.

Французите добро го почнаа мечот, создадоа неколку шанси за гол, но потоа Австралија го умртви мечот и речиси ништо не се случуваше до крајот на первиот дел.

Во 58. минута благодарение на ВАР технологијата Франција доби пенал кој прецизно го изведе Гризман за водство од 1-0.

Само четири минути подоцна пенал на другата страна. Умтити играше со рака, судијата покажа на белата точка, а Миле Јединак го изедначи резултатот на 1-1.

Во 81. минута технологијата повторно стапува на сцена, овој пат таа за гол линијата. Погба постигна гол за победа на Франција од 2-1.

Сосема заслужена победа на Франција, но да не беше технологијата во фудбалот, резултатот можеби ќе беше поинаков.

Денеска од групата Ц се игра и натпреварот меѓу Данска и Перу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани