Дидие Дешамп уште од пред почетокот на Светското првенство почна да губи фудбалери поради повреди, тоа се случуваше и кога почна Мундијалот, и уште трае.
Последните откажувања се поради болест. Тој не можеше да смета на Упамекано и Рабио, а сега се разболел и Коман.
„Коман имаше треска утринава. Ќе го изолираме него од останатите фудбалери, исто како и Рабио“, открива Дешам.
Конкретно за Рабио се стравувало да не се работи за новиот вирус „камила“, па тој веднаш бил изолиран, истото сега ќе се случи и со Коман.
Во Франција стравуваат да не се појават и други случаи до почетокот на финалето со Аргентина.
Засега е нејасно дали некој од Упамекано, Рабио и Коман ќе се опорави на време за последниот меч на Светското првенство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.