138
Освојувањето на светската круна на Франција и го донесе и првото место на ФИФА ранг листата, скокнаа шест позиции за да се најдат на врвот.
Скок има и Македонија, минимален, од едно место, сега сме на 70. позиција. Го продолжуваме напредокот на ФИФА ранг листата иако не играме натпревари.
Меѓу најдобрите десет селекции покрај Франција се наоѓаат уште Белгија, Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Хрватите имаат фантастичен скок од 16 позиции со кои се најдоа на четвртата позиција.