Фотографија од десетгодишниот Меси и Антонела од 1998. година која стана хит на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Лионел Меси и
Антонела Рокузо се венчаа во летото 2017. година во нивното родно Росарио, но,
за нив е сосема познато дека познанството трае долги години претходно, а една
фотографија од 1998. година на тогаш десетгодишниот Меси и деветгодишната
Антонела стана вистински хит на социјалните мрежи.

Фотографијата е
направена близу Мар де Плата, и на неа ги има Меси и Антонела, на плажата Пунта
Моготес заедно со нивното друштво.

Во тој период
Меси настапувал на турнир за помлади генерации со неговиот тогашен тим Њуелс
Олд Бојс, а локалниот весник
Диарио Ла Капитал де Мар де Платаја објави фотографијата која излезе благодарение на напорот кој го
вложи за истото нивниот новинар Бруно Верденели, кој пак ја добил од страна на
Матиас Пече, поранешниот соиграч на Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×