Македонскиот
шампион Вардар обезбеди минимален триумф од 1-0 над Копенхаген, во првиот меч
помеѓу овие две екипи во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите.
Голот го постигна
Балотели во 65. минута, гол што значи многу за избраниците на Гоце Седлоски, но
нештата можеа целосно да се променат во негативна конотација за нашиот шампион
во самата завршница од мечот во Скопје.
Се играше 90. минута
кога Сантандер имаше можност да ја стиши домашната публика, но на сцена настапи
голманот на нашиот шампион, Филип Гачевски кој на извонреден начин спречи
израмнување, кое ќе беше целосно незаслужено за гостите кои немаа идеја како да
се справат со мотивираните „Вардарци“ во текот на целиот меч.