(ФОТО) Меси секоја недела воодушевува со голови од слободен удар, но како стои помеѓу најголемите мајстори во историјата

by
1 минути читање

Во последно време
на противниците им се темни кога ќе направат слободен удар во близина на
шеснаесетникот и ќе видат како Лео Меси се подготвува да бие.

Последната
мајсторија на Аргентинецот беше пред неколку дена, кога ја затресе мрежата на
Виљареал и стана првиот играч во петте најсилни првенства во Европа кој постигнал
6 или повеќе погодоци од слободен удар во две последователни сезони од 2006/07
па наваму.

И додека тој се
промовира во еден од најдобрите изведувачи на денешницата, Лео Меси не стои
така добро кога се во прашње најдобри стрелци во историјата и веројатно ова е
еден од рекордите кои тешко ќе може да ги сруши.

Тој до сега има
постигнати 47 голови од слободен удар во својата кариера (41 за Барселона и 6
за Аргентина), додека на врвот на листата е Жунињо, кој во својата кариера има
постигнато дури 77 погодоци од прекин.

Лео Меси не само
што не е помеѓу десетте најдобри стрелци на голови од слободен удар, тој ја
губи битката во оваа категорија и со својот голем ривал, Кристијано Роналдо,
кој зад своето име има постигнато 53 гола од прекин.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×