Торино синоќа
играше повеќе од половина час со играч помалку на градското дерби против
Јувентус откако Аква во 57. минута од средбата заработи втор жолт картон.
Но исклучувањето
беше контроверзно со оглед на тоа дека играчот на Торино ја удри топката при
стартот врз Манџукиќ.
Синиша Михајловиќ
ги загуби нервите по црвениот картон и жестоко протестираше кај судиите.
„Јас од купата
видов дека чисто ја изби топката” – рече Србинот по крајот на натпреварот. „Не треба да сте нуклеарен
физичар за да го кажете ова”.
„За што служи
четвртиот судија? Тој беше во уште подобра позиција од мене да го види стартот”.
„Тоа беше грешка
која не можете да ја оправдате. Отидов кај четвртиот судија да го прашам зошто
не му помогна на главниот судија”.
„Судијата не
свирна едно добри пет или шест секунди, чекаше помош“.
„Знам дека
претерав, но што требаше да направам? Да го бакнам?”.
„Да се игра со 10
играчи против Јувентус е тешко за било кој противник. Јувентус можеби ќе
изедначеше и со 11 против 11, но барем требаше да не остават фер да се бориме”.
„Ремито е вредно
како победа, горд сум на моите играчи”.