Фортуна демантира: Гостите испровоцираа инцидент!

by 24 фудбал
2 минути читање

Домашната екипа Фортуна од Скопје се огласи за инцидентот кој се случи на третолигашкиот натпревар против Пчиња.

Првичните информации велеа дека домашната публика го предизвика инцидентот, меѓутоа сега од Фортуна демантираат. Тие наведоа дека гостите не пријавиле присуство на навивачи, а тие кои дошле биле во алкохолизирана состојба. Исто така напишаа дека токму тие го предизвикале хаосот.

По низа неточни информации објавени на неколку портали без да се побара мислење и од нашата страна, сакаме пред јавноста да ја изнесеме вистината околу случувањата на натпреварот против ФК Пчиња на 05.10.2025 година. Како прво, гостинскиот клуб не ја извести ниту нашата управа, ниту МВР дека ќе има организирана публика на натпреварот, што претставува обврска според пропозициите и безбедносните протоколи за првенствени средби.

Навивачката група на гостите, во алкохолизирана состојба, во текот на целиот натпревар постојано провоцираше, и во 75-тата минута физички нападна дете од Сингелиќ на домашната трибина. Нашата публика реагираше единствено за да го заштити детето, без претходно да има каква било провокација од нивна страна.

Во ниеден момент не станува збор за роднини или пријатели на гостинската екипа, туку за навивачка група која очигледно имала за цел да предизвика инцидент и на тој начин да го наруши текот на натпреварот. Што се однесува до настаните на теренот, гостинскиот голман, без никаква провокација, по инцидентот на трибината, со погрдни зборови го навредил и физички го нападнал нашиот играч со број 33, кој, иако на недозволен начин реагирал, за својата реакција доби црвен картон.

По инцидентот, клубот веднаш ја испразни трибината и создаде целосно безбедни услови за продолжување на натпреварот, но гостите одбија да продолжат и го злоупотребија гостопримството што им беше укажано. ФК Фортуна 1975 ги отфрла сите обвинувања и нагласува дека натпреварот беше организиран по сите правила, прописи и спортски стандарди. Нашиот клуб ќе продолжи да се бори само на спортски терен и да го штити угледот на спортот, публиката и нашата заедница“, стои во објавата на Фортуна на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×