172
Напаѓачот
изминатово лето се врати на Гудисон Парк откако конкуренцијата во Манчестер
јунајтед стана голема.
Вејн Руни можеби
не блеска со партиите во дресот на Евертон, но вечерва покажа дека формата е
пролазна а класата е вечна.
Тој постигна
хет-трик против Вест Хем, а мајсторија за најавните шпици беше третиот погодок.
Англичанецот на
половина терен начека една лошо исфрлена топка од гостинскиот голман и без
многу размислување биеше на прва за прекрасен погодок и огромна радост на
трибините.