Поранешниот
фудбалер на Интер, напаѓачот Диего Форлан тврди дека добил информација од тој
клуб дека Нероаѕурите ќе го ангажираат офанзивецот на Атлетико Мадрид, Антоан
Гризман доколку на лето останат без услугите на Мауро Икарди.
Освен Интер,
Уругваецот е исто поранешен фудбалер и на Атлетико Мадрид, а тој уверува дека
има информација одвнатре во Интер за Гризман.
„Доколку Гризман
остане во Атлетико Мадрид, тој ќе стане легенда, но Интер ќе го купи него
веднаш штом го продаде Икарди“ рече 39 годишниот Форлан за ЕСПН.
„Оваа информација
ја имам од клубот“ додаде тој.
Иако се врати на
тренинзите на Интер, се уште е неизвесна иднината на Икарди во редовите на
тимот од Милано, неговите односи со клубот значително се влошија откако му беше
одземена капитентската лента.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.