Магазинот Форбс ја објави својата годишна листа на фудбалери со најголема заработка, Кристијано Роналдо руши рекорди со приходи од околу 263 милиони евра.
Кристијано Роналдо беше првото звучно име што ја замени Европа со Саудиска Арабија, па ЦР7 доминира на листата на Форбс кога се во прашање фудбалерите со најголема заработка.
Магазинот вели дека договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср му носи околу 220 милиони долари годишно, Португалецот инкасира уште 65 милиони долари надвор од фудбалските терени, па вкупната сума од 285 милиони долари (околу 263 милиони евра) е рекорд во фудбалот.
Втор на листата е Лео Меси, кој има вкупни приходи од околу 135 милиони долари или (124 милиони евра), а потоа следи Нејмар со 110 милиони долари (нешто над 101 милион евра), Карим Бензема со 104 милиони долари (околу 96 милиони евра) и Килијан Мбапе со 90 милиони долари (околу 83 милиони евра).
Cristiano Ronaldo, grâce à son contrat avec Al-Nassr, reste le footballeur le mieux payé au monde, avec 285 millions de dollars de revenus en 2024 (soit 263 millions d'euros), selon le magazine économique américain Forbes. Karim Benzema et Kylian Mbappé figurent dans le top 5.… pic.twitter.com/9HB3YFSSF9
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 17, 2024
Во топ 10 уште има место за Ерлинг Халанд (60 милиони долари/55 милиони евра), Винисиус Жуниор (55 милиони долари/51 милион евра), Мохамед Салах (53 милиони долари/49 милиони евра), Садио Мане (52 милиони долари/48 милиони евра) и Кевин Де Брајне (39 милиони долари/36 милиони евра).
Forbes ranks the highest-paid footballers in the world, including Cristiano Ronaldo and Lionel Messi. Discover top soccer player salaries, contracts and endorsement deals.https://t.co/n64emMNsXd pic.twitter.com/KuKVU92uc6
— Forbes SportsMoney (@ForbesSports) October 17, 2024