Тренерот на Милан, Пауло Фонсека не е задоволен од залагањето на своите фудбалери и порача дека е подговен да игра и со вториот тим или младинците.
„Росонерите“ наредија четири победи во Лигата на шампиони откако вчера во последните минути, под контроверзни околности, стигна до триумф од 2-1 над Црвена звезда.
По крајот на натпреварот, тренерот Пауло Фонсека рече дека не е задоволен од залагањето на своите фудбалери и се закани дека е подготвен да игра и со вториот тим или младинците.
„Очигледно е дека сум среќен од резултатот, ова е четврта победа во низа во Лигата на шампионите, се наоѓаме во добра позиција, но не сум задоволен од многу други работи“ – вели Пауло Фонсека.
„Кога играме вакви важни, одлучувачки натпревари, и имаме ваков пристап, кога не го даваме максимумот, очигледно е дека ќе имаме проблеми. Не ми се допадна како функциониравме како тим, имаме обврска да гинеме на теренот“.
Кога беше запрашан да објасни зошто неговите играчи имаат проблем со однесувањето, Пауло Фонсека рече: „Не сакам да навлегувам во детали, но ќе им кажам на фудбалерите што мислам“.
„Задоволен сум само од победата, за се друго имам замерки. Нема да застанам тука, имам чиста совест бидејќи го давам максимумот за Милан… ако треба ќе играм со момците од Примавера, или со момците од Милан Футуро. Немам проблем да играм и со младинци“.