Фонсека не чекаше долго: Пронајде нов ангажман

by Стефан
1 минути читање

Пет дена откако беше отпуштен Пјер Саже, Олимпик Лион го потврди новиот тренер.

Како и што беше најавено претходно на клупата на францускиот гигант пристигнува Португалецот, Паоло Фонсека.
Фонсека со францускиот гигант потпиша договор до 30 јули 2027 година.

Лион во овој момент е шести на табелата во Франција со 30 бодови од 19 натпревари и одалечен е четири бода од третото место кое е последно што наредната сезона води директно во Лигата на шампионите.

За Фонсека ова не е прва работа во Франција бидејќи пред Милан го водеше Лил од 2022 до 2024 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани