Фонсека ќе остане без голема исплата поради една клаузула

by bojan
1 минути читање
Фонсека

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан ќе заштеди 5 милиони евра со тоа што сега реши да му врачи отказ на Пауло Фонсека.

„Росонерите“ решија да се разделат со Пауло Фонсека по вчерашното реми против Рома, но се чини дека лошите резултати не се единствената причина за потегот кој го повлече Милан.

И покрај тоа што Португалецот имаше договор до 2027 со нето плата од 2,5 милиони евра, тој нема да добие голема исплата.

Како што пренесуваат медиумите, имало клаузула со која клубот од Сан Сиро ќе треба да ја исплати само првата година доколку Пауло Фонсека добие отказ во првите шест месеци.

Па Милан го фати последниот воз со тоа што му „удри клоца“ пред 31. декември, и заштеди 5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани