Фонсека играше со младинци, Милан прослави 125 години со мизерни 0-0 (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Милан

Милан потфрли против Џенова и одигра само 0-0, „росонерите“ нема по добро да ја паметат прославата и 125 години од оснување на клубот.

Пауло Фонсека по натпреварот против Црвена звезда порача дека не е задоволен од однесувањето на фудбалерите и се закани дека ќе игра со младинци.

Стратегот остана доследен на зборот, па Алекс Хименез доби шанса пред Тео Ернандез, а дебитираше и 17 годишниот Матија Либерали.

Останува да се види дали ова ќе „разбуди“ ѕвездите на Милан, но експериментот не донесе ништо вечерва против Џенова.

„Росонерите“ одиграа само 0-0, креираа премалку и најблиску до гол беа кога Мората ја затресе пречката.

Навивачите сигурно ќе бидат разочарани, особено што денеска славеа 125 години од основањето на клубот, и очекуваа целиот спектакл да биде зачинет со победа и три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани