Јувентус посакува
да се ослободи од обврските кон Гонзало Игуаин, а од друга страна пак, Рома е
екипата која е најсериозен претендент за потписот на искусниот аргентински напаѓач,
пред извесен период медиумите во Италија пренесоа дека тимот од Рим дури ќе му
ја понуди капитентската лента за да го убеди да потпише.
Според последните
информации кои пристигнуваат, се вели дека Аргентинецот е отворен за трансфер
во Рома, а Пол Фонсека, новиот шеф на стручниот штаб на Римската волчица веќе
ги презел работите во свои раце, исто како во случајот со Веретот.
Фонсека веќе
стапил во контакт со Игуаин за да му ги објасни неговите идеи и мотивација во
пресрет на договорот кој се’ поизвесно е дека ќе се случи помеѓу обете страни, тој наводно му понудил на
Аргентинецот значајна улога во тимот за идната сезона.
Игуаин наводно
побарал одреден период за да размисли за својата иднина, а јасно е дека Рома ќе
има дополнителна работа во преговорите со Јувентус каде ќе треба да се подмират
барањата на тимот од Торино, братот, а воедно и агент на Игуаин се наоѓа во
Торино, а од Јувентус јасно посочиле дека Аргентинецот треба да си замине,
бидејќи не е во плановите на клубот.
Се чини дека Рома
нема да има ништо против да исплати 36 милиони евра обештетување на Јувентус, а
извесно е дека ќе стане збор за позајмица со опција за целосно откупување на
договорот на Аргентинецот со Старата дама.