Фофана го промаши невозможното, а потоа јавно се извини (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Милан ремизираа против Џенова (1-1) во последниот натпревар од 19. коло на Серија А.

На овој натпревар лошо полувреме одигра Јусуф Фофана кој беше еден од трагичарите за „росонерите“. Играчот за врска во една акција доби „сервирана“ топка која требаше да ја втурне во мрежата, ама наместо шут тој се лизна и падна пред голот.

На крајот на натпреварот кога Рафаел Леао даде израмнувачки гол, во знак на поддршка дотрча до Фофана, а по средбата Французинот се извини јавно на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×