Манчестер Сити на последните 17 натпревари забележа четири победи во сите натпреварувања, а во Премиер лигата веќе има сериозен дефицит од 12 бода зад водечкиот Ливерпул кој е со меч помалку.
На темата одбрана на титулата прашање доби Фил Фоден, кој многу искрено го одговори.
„Титулата оваа година? Тоа е готово, завршена е приказната. Го сфаќаме тоа, не сме глупави. Целта ни е на едно од првите четири места и што подобар успех во Лигата на шампионите. Не е дека сезоната заврши за нас, ама мора реално да ги согледаме работите. Изведбите не ни беа на посакуваното ниво“, прокоментира Фоден.
Токму Фоден е еден од најкритикуваните фудбалери оваа сезона на Сити. Досега одигра 16 натпревари и постигна само четири погодоци.