Фил Фоден доцна синоќа се врати во кампот на Англија, фудбалерот на Манчестер Сити мораше на момент да отпатува во Англија за да биде покрај својата партнерка која на свет го донесе нивното трето дете.
„Трите лава“ во средата соопштија дека Фил Фоден морал итно да се врати во Англија поради семејни причини, и внесоа доза паника помеѓу навивачите.
Сепак, за кратко време беше разјаснето дека фудбалерот на Манчестер Сити ја напуштил репрезентацијата за да биде покрај својата партнерка, која на свет го донесе нивното трето дете.
Па откако Фил Фоден доби син, тој доцна синоќа се вратил во кампот на Англија, и ќе биде во комбинација за натпреварот против Словачка во осмина-финалето.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.