Флорентино Перез жестоко распали по Барселона, Ла Лига, Тебас, УЕФА, судиите: Не е нормално…

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез жестоко распали по Барселона, Ла Лига и првиот човек Хавиер Тебас, УЕФА и судиите.

„Кралевите“ денеска го одржаа генералното собрание, свое излагање имаше претседателот Флорентино Перез, кој одржа говор долг еден час и 18 минути.

Во своето излагање, тој често го користеше терминот „Не е нормално“, жестоко распали по Барселона, Ла Лига и првиот човек Хвиер Тебас, УЕФА и судиите, па говорот му беше прекинат дури 25 пати за да добие аплауз од присутните, за на крајот да добие и стоечки овации од речиси една минута.

Замерките кон УЕФА му се за тоа што не дозволија да се формира Суперлига, и порача дека Европската куќа на фудбалот е во скутот на оние кои ги гласаат па затоа „сме приморани да играме натпревари во Азија или во близина на Кина“.

На Ла Лига и Хавиер Тебас им замери за неколку работи, најмногу тоа што форсирале натпреварот помеѓу Барселона и Виљареал да се игра во Мајами.

„Не е нормално претседателот на Ла Лига да ни наметне натпревар во Мајами, па дури и капитенот на Барселона, Френки де Јонг рече дека ова не е нормално“ – порача првиот човек на Реал.

Што се однесува до судиите, тој порача: „Нивото на судиите е неприфатливо, срамно е што ФИФА не одбра ниту еден шпански судија за Светското клупско првенство“.

Тој ја искористи оваа прилика и за напад врз Барселона и случајот „Негреира“.

„Исто тка не е нормално Барселона, без разлика кои биле причините, на потпретседателот на судиите да му плати 8 милиони евра во период од 17 години, кога тој извршуваше важни функции, и овој период се поклопува со најдобрите резултати на Барселона во шпанското првенство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×