Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се симнал во соблекувалната по тешкиот пораз од Атлетико Мадрид во градското дерби, им порачал на фудбалерите дека треба да се извлече поука од овој меч и веднаш да се вратат на победнички патеки.
Атлетико Мадрид за прв пат по 75 години му даде пет гола на Реал Мадрид и го совлада со убедливи 5-2.
Резултатот и играта на „кралевите“ беше причина за силни критики на адреса на Чаби Алонсо, за неговиот избор на играчи и поставеноста на играта.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Флорентино Перез бил разочаран од изданието на првиот голем тест оваа сезона, и по крајот на натпреварот се симнал во соблекувалната.
„Денеска не беше наш ден, тие одиграа подобро и затоа загубивме… Но мора да извлечеме поука од овој пораз, ние сме Реал Мадрид и мора веднаш да се вратиме на победите“ – кажал меѓу другото претседателот на „кралевите“.